gogo

A+ R A-


Утре прскање против комарци во Кратово и Крива Паланка

Е-пошта Печати PDF

http://mojo.mk/uploads/main_article_photos/84f7195f3a2d95b36907a587f253d903.jpgПо две одложувања поради неповолни временски услови, утре ќе се изврши авионско прскање за заштита од комарци во општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово.

Во Крива Паланка прскањето ќе се спроведе во раните утрински часови, во периодот од 5 до 8 часот, а од локалната самоуправа на општината ги известуваат пчеларите во времето на прскање и три до четири часа подоцна да ги затворат кошниците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.

И во Кратово почнувајќи од 4:30 до 8 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци на територијата на општина Кратово. Од општината информираат дека со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од село Кетеново низводно по реката и целото градско подрачје.  Ги повикаа пчеларите во наведениот период и до четири часа по истиот да ги заштитат пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.