gogo

A+ R A-


Вандали во Кратово сквернават гробови

Е-пошта Печати PDF

Ограбиле гроб полн со златен накит

Непознати вандали го прекопале гробот и ги испревртеле посмртните останки на кратовката Татјана Перовиќ. Случајот завчера во полиција го пријавило лице кое работело на одржување на гробиштата во Кратово, откако забележал дека надгробната плоча е подигната, а наоколу имало раскопана земја. Интересно е што истиот гроб пред неколку години веќе бил сквернавен.

-Јавна тајна во градот е дека починатата жена пред седум години била закопана со поголема количина златен накит на

себе. Веројатно мотивот на крадците бил да се докопаат до драгоценото злато, и по она што го затековме во гробот, сигурно успеале во намерата. Веројатно од голема возбуда, заборавиле да ги скријат копачите, па ги оставиле до гробот - ни рекоа неколкумина млади луѓе кои во близина поставуваа надгробни споменици.

Полицијата изврши увид и ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.