Претставата „Последните Македонци“ на режисерот Сашо Миленковски, вечерва ќе го означи почетокот на театарскиот фестивал „Мостови“, кој во следните четири дена ќе се одржува пред Домот на културата во Кратово. Домаќинот и организатор на манифестацијата, здружението „Коринтон“, одлучи да понуди четири различни драмски претстави кои треба да ги задоволат и најпребирливите вкусови на кратовската публика.
-Фестивалот „Мостови“ е нешто ново на театарската сцена во Македонија. Годинава за првпат се одржува во Кратово, а се надеваме дека ќе прерасне во традиционална културна манифестација. Понудивме четири претстави од различни театарски куќи, поставени од реномирани режисерски имиња како Синиша Ефтимов и Сашо Миленковски – вели организаторот на фестивалот.
Вечерва први на сцената ќе се појават актерите во претставата „Последните Македонци“. Утре на програмата е „Спанаќ со пржени компири“, а во среда и четврток кратовци ќе уживаат во претставите „Столови“ и „Стјуардеси“.
Театарскиот фестивал „Мостови“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и со поддршка на општина Битола. О.А.
Вечерва во Кратово почнува театарскиот фестивал „Мостови“
Најново

![]() | Денеска | 777 |
![]() | Вчера | 5128 |
![]() | Оваа недела | 14678 |
![]() | Минатата недела | 25319 |
![]() | Овој месец | 89479 |
![]() | Минатиот месец | 93605 |
![]() | Вкупно | 22585571 |


















