gogo

A+ R A-


Вицепремиерот Ставрески задоволен од санацијата на свлечиштето во Кратово

Е-пошта Печати PDF

Свлечиштето на влезот во Кратово е на добар пат во најскоро време да биде санирано. Градежната оператива веќе два месеци работи интензивно, а отстранети се стотици тони земја и асфалт. Вицепремиерот во Владата, Зоран Ставревски, денес лично дојде да се увери до каде се стасани активностите и изрази задоволство од она што го виде.
-Можев да се уверам дека работите одат добро, со интензитетот што е предвиден согласно проектот. Добив уверување од директорот на ЈП за државни патишта дека ќе се запази динамиката, односно дека некаде до 20 септември ќе биде завршена санацијата на свлечиштето. Со тоа не само што ќе се обезбеди стабилноста на патот, туку ќе се прошири со трета лента, ќе има и тротоар и ќе се создадат добри услови за сите што го користат овој дел од патот да можат безбедно и полесно да патуваат во насока на Пробиштип и обратно – изјави Ставревски.
Директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Ѓорѓиевски, нагласи дека свлечиштето ќе се санира со средства од буџетот во висина од 57 милиони денари.
Инаку, посетата на Кратово вицепремиерот Ставревски ја искористи за да се сретне со градоначалникот Мите Андоновски и советниците во општината.   Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.