gogo

A+ R A-


ВИДЕО Промовиран кандидатот за градоначалник на Кратово, Мите Андоновски ќе бара трет мандат

Е-пошта Печати PDF

Вечерва во Кратово се одржа промоција на кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, г-динот Мите Андоновски, кој влегува во изборната трка за трет градоначалнички мандат.

altВо своето обраќање пред кратовчани, кандидатот Андоновски ги потенцираше реализираните проекти во изминатите осум години меѓу кои ги издвои изградбатa na локалниот пат од с.Кетеново до локалитетот „Камени кукли“, новиот мост на Крива река со што е овозможена побрза, полесна, посигурна и поголема посетеност од домашни и странски посетители, големиот број на изградени и асфалтирани улици во градот, реконструираната Саат кула и Симиќевата кула.

alt

„Со реализацијата на  овие проекти, позитивно е изменета е сликата за  градот во насока на негова промоција како туристичка дестинација на картата на овој дел од Балканот“ - рече Андоновски. Уверен дека и на наредните локални избори, граѓаните на Кратово ќе знаат да го направат вистинскиот избор и ќе му доверат нов градоначалнички мандат, од вечерашната промоција во Кратово Андоновски порача:

-Општина Кратово  и понатаму ќе биде јавна, транспарентна и отчетна општина. Во процесот на одлучување ќе бидат вклучени сите заинересирани страни и сите ќе можат да учествуваат во креирањето на  политиките за развој на општината. Заедно со граѓаните на Кратово, ќе изградиме општина со богата културна понуда за домашните и странски туристи, и идеално место за живеење на  кратовчани, рече Андоновски.

На крајот од своето обраќање, кандидатот за градоначалник на Општина Кратово од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“, рече дека во соработка со Владата на Република Македонија, заедничката визија за подобро Кратово веќе се реализира и изрази уверување дека во наредниот период оваа општина ќе биде место за убав и достоинствен живот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.