gogo

A+ R A-


Владата итно ќе го санира опасното свлечиште во Кратово (ВИДЕО)

Е-пошта Печати PDF

По обилните дождови кои минатиот период ја зафатија земјава, на самиот влез на Кратово се активира старо свлечиште кое се заканува да ги затрупа куќите кои се наоѓаат под него. Пукнатина долга педесеттина метри и широка триесеттина сантиметри целосно ја уништи едната коловозна лента на регионалниот пат Кратово – Пробиштип. На терен веднаш излегоа градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, пратеникот Марјанчо Колевски и директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Ѓорѓиевски.
За новонастанатата ситуација денес расправала и Владата, која веднаш го задолжила ЈП за државни патишта да започне постапка за итна санација.
-Согласно законот за јавни набавки, а во соработка со Градежниот факултет, ќе се изготви техничко решение со кое трајно ќе се истретира свлечиштето, односно ќе се намали неговото работење. Веднаш очекувам, некаде за десеттина-петнаесет дена да имаме градежна интервенција на свлечиштето – истакна Љупчо Ѓорѓиевски, директор на ЈП за државни патишта.
Во текот на денешниот ден патот  беше затворен за движење на тешки моторни возила и автобуси, а сообраќајот на патнички моторни возила се одвиваше наизменично. Во поладневните часови се очекува да пристигне градежната оператива на „Македонија пат“ и да започне санацијата на патот.
-Покрај трајните мерки, договорено е да се преземат превентивни мерки за проширување на патот од десната страна за да може непречено да се одвива сообраќајот. Другите мерки за кратко време ќе бидат дефинирани со проектно решение и со соодветни истражни постапки и како такво ќе се примени во најскоро можно време – изјави Милорад Јовановски, декан на Градежен факултет.
По најавеното тампонирање на новата коловозна лента, за неколку дена се очекува нормализирање на сообраќајот на патниот правец Кратово – Пробиштип.   Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.