gogo

A+ R A-


Владиката Јосиф за Иванден ќе ракоположи свештеник во Кратово

Е-пошта Печати PDF

На денот на раѓањето на Св.Јован Крстител, празникот познат кај боговерниот народ како Иванден, во храмот „Св.Јован во Кратово ќе се отслужи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. На Литургијата, Митрополитот Јосиф ќе ракоположи во чин свештеник еден млад ѓакон, дипломиран теолог од Штип. Во своето слово, Митрополитот Јосиф најпрво ќе им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа ќе изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.
Во последниве неколку децении не се памети некогаш владика токму во Кратово да ракоположи некого за иден свештеник. Ова е уште еден доказ дека владиката Јосиф високо го цени боговерниот народ во Кратово, за што верниците му се многу благодарни.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.