Во бастионот Кратово ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ 2,3 : 1,
зад нас е Пробиштип со 2,2 : 1
По прегледувањето на изборните резултати од сите Општини во државава, АБЕРЏИЈА откри дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најубедливата победа ја извојува во општината Кратово. За илустрација, владеачката коалиција изборите во Кратово ги доби со неверојатно високи 3986 гласови, наспроти 1726 гласа на СДСМ. Преведено во проценти, ВМРО-ДПМНЕ освои 64,04 %, наспроти 27,73 % на СДСМ. Тоа значи дека соодносот меѓу двете најголеми коалиции е 2,3 : 1. Ова е најдобриот скор на ВМРО-ДПМНЕ споредено со било која Општина, зад нас благо заостанува Пробиштип, кој оствари сооднос од 2,2 : 1, што е втор најдобар скор.
Овие изборни резултати кои ВМРО-ДПМНЕ ги избори во Кратово се должат на неуморната работа и вложена енергија на пратеникот Марјанчо Колевски и неговиот тим, секако потпомогнати од коалицискиот партнер СПМ. Реформите продолжуваат, Кратово е на добар пат да го врати стариот сјај, да врати добар дел од граѓаните кои привремено заминаа на печалба. Првата добра работа која тимот предводен од Марјанчо Колевски ќе им ја испорача на граѓаните на Кратово е фабриката за производство на чевли „Кадоро“, италијански бренд кој веќе успешно работи во Крива Паланка, а од крајот на летото започнува со работа во Кратово. Тоа ќе значи нови работни места, „свежа крв“ во економијата на градот.