gogo

A+ R A-


Внукот на Павел Шатев, Миховил, го посети Кратово

Е-пошта Печати PDF

Почит кон својот дедо Павел Шатев вчера пред неговиот споменик во центарот на Скопје оддаде неговиот внук Миховил Павел Михалевиќ.

Тој веќе неколку дена со своја сопруга престојува во Македонија за да се запознае што се направено за зачувувањето на споменот на овој истакнат македонски револуционер. Михалевиќ, инаку, е син на помладата од двете ќерки на Шатев, Надја, а од 1968 година живее во Равенсбург, Германија, каде има ординација по ветерина.

- Го посетив родното Kратово на дедо ми, неговиот гроб во Битола, го посетив Музејот на македонска борба и импресиониран сум што с` е направено за да се зачува споменот. Во Македонија доаѓам првпат по 45 години и моите врски со неа ќе бидат засилени во иднина - ни рече Миховил Михалевиќ.

http://www.build.mk/docs/users/1/Razno/Spomenici%20i%20skulpturi/Spomenici%20kontingent%20apr2013%200103.jpg

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.