gogo

A+ R A-


Во 2020 кратовци со воз ќе патуваат за Скопје и Софија

Е-пошта Печати PDF

alt

Пругата од Бељаковци до Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8 може да се изгради за помалку од три години, а не за пет како што се предвидува во проектот.  Градежните работи треба да почнат во 2015 година и да завршат до 2020 година.

Железничката делница е долга само 35 километри, а конфигурацијата на теренот е поволна, што значи дека нема потреба од трошење двојно повеќе време за нејзина изградба, коментираат експерти. Единствениот услов за забрзување на работите се финансиите. Според експертите, развлекувањето на изградбата на железничкиот Коридор 8, значи само уште една потврда дека тој и понатаму не се наоѓа високо на листата на приоритети за инвестиции. Велат дека за довршување на пругата до границата со Бугарија треба да се доизградат уште 23 километри до преминот Деве Баир. Ако и за нив планираниот период за изградба биде 5 години, тогаш ќе треба да чекаме цела деценија за воз да помине по пругата.

Пругата од Бељаковци до Крива Паланка ќе се гради со пари обезбедени од ЕБОР во висина од 50,5 милиони евра. Проектот опфаќа реконструкција на веќе изградената инфраструктура и целосно довршување на делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Како што најавија од Министерството за транспорт и врски, се очекува проектот да биде кофинансиран и од страна на Европската инвестициска банка. Владата за делницата преку финансискиот инструмент Вестерн балкан инвестмент фрејмворк обезбеди грант, односно неповратни средства во висина од 5,2 милиони евра. Од овие средства 2,5 милиони евра се за вршење надзор на изградбата и 2,7 милиони евра за ангажирање на консултанти за изработка на основните проекти и тендерската документација.

извор -      www.utrinski.com.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.