gogo

A+ R A-


Во Кратово два дена грмеа пушки, се снимаше епизода за Ј.Даскалов во „Тврдокорни“

Е-пошта Печати PDF

пишува - Оливер Арсовски

altДва дена кратовци беа домаќини на филмската екипа која снимаше кадри за познатата македонска серија „Тврдокорни“, која напролет ќе добие неколку нови епизоди посветени на македонските револуционери низ историјата. Плејада домашни актери од сите генерации, почнувајќи од Сашко Коцев, преку Рубенс Муратовски, Ѓокица Лукаревски, па се до легендата Диме Илиев, снимаа епизода за кратовскиот револуционер Јосиф Даскалов. Интересно е што во неколку, додуша споредни улоги, се појавуваат тринаесет ученици од кратовската гимназија „Митко Пенџуклиски“. За нив ова беше прво актерско искуство, и како што ни рече матурантот Денис Данилов, со големо нетрпение ја чекаат пролетта кога ќе биде прикажана епизодата посветена на Јосиф Даскалов. Некои се најдоа во улогата на турски аскер, некои беа измачувани кратовски револуционери, а некои глумеа селани.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.