gogo

A+ R A-


Во Кратово се одржа „Компиријада 2015“ (ВИДЕО+ФОТО)

Е-пошта Печати PDF

На градскиот плоштад во Кратово по четврти пат се одржа манифестацијата „Компиријада“, посветена на далеку познатиот кратовски компир. Овој празник на компирот привлече голем број посетители од целата земја, дојдени да дегустираат специјалитети, разновидни јадења, солени и слатки деликатеси со компир направени од вештите раце на домаќинките.
-Кратовската компиријада се одржа по четврти пат и заслужува да стане традиционална, зашто компирот е вистински амбасадор на Кратово. Забележливо е дека од година во година манифестацијата расте, се повеќе добива на квалитет, но и на масовност, вели градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.
Програмата на Компиријадата опфати штандови со изложени специјалитети од компир, презентирање  познати специјалитети од компири,како и текстови  за компирот како амбасадор на Кратово.

Манифестацијата се организира под покровителство на општина Кратово, финансиски поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Гости на министерот Михаил Цветков беа германската амбасадорка Алтхаузер и холандскиот амбасадор Пломп. Компиријадата имаше и хуманитарен карактер затоа што сите собрани средства од продажба на специјалитетите ќе бидат наменетиза лекување на ученикот Давид Стојановски.
На североистокот на земјава постојат извонредни услови за одгледување на компир, а кратовското поднебје е идеално за одгледување на добро познатите бел и црвен компир. Оливер Арсовски

link do fotogalerija http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10154391888753957.1073741944.155289693956

alt

 altalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.