gogo

A+ R A-


Во организација на ВМРО-ДПМНЕ Кратово

Е-пошта Печати PDF

Трибина за ракот на дојка и матка, превенција на кариесот и семејното насилство

пишува - Оливер Арсовски


Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кратово вечерва (четврток) организираше трибина во ресторанот „Карши Бавча“, која наиде на голем одзив кај граѓаните на Кратово. Здравството и Социјалната политика без темите на кои тројцата предавачи имаа свои излагања.
Г-динот Душко Миновски, актуелен советник во Министерството за труд и социјална политика и поранешен државен секретар говореше за проблемите на семејното насилство и запоставеноста на децата од страната на своите родители во модерното време.
Г-динот Ванче Какашевски, приватен гинеколог, ја отвори темата за ракот на дојка и на матката, како и за Хуман папилома вирусот, како болести кои ја напаѓаат женската популација. Притоа, укажа дека сам раното откривање преку редовни гинеколошки прегледи може да ја превенира оваа опака болест.
Г-динот Трајче Аритонов, приватен стоматолог, говореше за превентивата од кариес. Тој апелираше за редовно миење на забите, користење на квалитетни флуорирани пасти, како и за редовни стоматолошки контроли како најдобар начин за спречување на кариесот.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.