gogo

A+ R A-


Во понеделник авионско запрашување против комарци во Кратово

Е-пошта Печати PDF

http://ohriddenes.mk/wp-content/uploads/2015/07/prskanje-komarci-520x3141-415x260.jpgОпштина Кратово ја информира јавноста дека првото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 04-ти Јули (понеделник) 2016 год. во периодот од 05:00 до 09:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат, авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 5-ти Јули (вторник) 2016 год.

Со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од с. Кетеново и целото градско подрачје.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.