gogo

A+ R A-


Во среда Новогодишен базар во „Митко Пенџуклиски“, собраните средства ќе одат за Неделка Чукчуковска

Е-пошта Печати PDF

Во духот на одржување на добрите традиции, средното општинско училиште „Митко Пенџуклиски“ од Кратово и годинава организира новогодишен базар. Во пресрет на претстојните новогодишни и божиќни празнувања, базарот ќе биде богат со многу изненадувања и учениците гарантираат добра забава. Сите продукти кои ќе бидат во слободна продажба по симболични цени се изработени од вредните раце на учениците во „Митко Пенџуклиски“.
Настанот ќе се случува во просториите на СОУ „Митко Пенџуклиски“, во среда (26 декември) со почеток во 13.30 часот. Средствата кои ќе се сoберат ќе бидат донирани во хуманитарни цели, поточно на младата кратовчанка Неделка Чукчуковска, која мора во најскоро време да замине на рехабилитација во Австрија.
Учениците ве повикуваат на заедничка забава и дружење. Овој период е вистинското време да ги израдувате своите најблиски. Вистинската среќа е во подарувањето. Богат е оној што дава, а не оној што прима. Забавувај се, подарувај и помогни.alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.