gogo

A+ R A-


Во Виена се случувала драма, д-р Коц дури со четвртата операција ја спасил ногата на Давид

Е-пошта Печати PDF

Во приватната Винер клиника во Виена се случувала вистинска драма пред десеттина дена, кога познатиот лекар-ортопед Раинер Коц ја оперираше ногата на 13-годишниот Давид Стојановски од Кратово. Откако на 18 јануари ја извршил првата операција, следејќи ја состојбата донел одлука за втора операција. Откако ја направил, работите повторно не тргнале на добро, па бил приморан да направи нова операција. Борбата за спасување на левата нога на Давид траела три дена, кога д-р Коц забележал дека поради застој на крвотокот, ногата не покажувала витални функции, била студена и помодрена. Тогаш на семејството Китановски им ја соопштил веста од која најмногу се плашеле, дека ќе направи и четврта операција и во случај да биде неуспешна, ќе мора да ја ампутира целата нога на Давид. Во битка со времето, „златните“ раце на д-р Коц ја направиле последната, четврта интервенција, и почнале да течат неопходните шест часа пред да се донесе одлука што понатаму. За среќа, операцијата успеала, крвта почнала да циркулира низ целата нога на Давид, а на среќата на таткото Игор и мајката Билјана им немало крај. О.А.       фотографија на Oliver Arsovski

Коментари

CESTITKI ZA DR.KOC,A NAJUBAVI ZELBI ZA HEROJOT,STO VERUVAM KE TRCA,KE IGRA FUDBAL,KE BIDE SREKNO DETE I KE DRUGAUVA SO SITE DECA,VERUVAM DEKA KE STANE GOLEM COVEK,KOJ KE PRAVI SAMO DOBRINI NA SEKOGO !ZIVEJ GO ZIVOTOT DAVID I UZIVJ VO NEGO

0 Ljubica 2017-02-01 23:40 #1

Цитат

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.