gogo

A+ R A-


Водата од „Злетовица“ ќе чини по 3 денари од кубик

Е-пошта Печати PDF
Шесте општини кои ќе пијат вода од хидросистемот „Злетовица“, водата ќе ја добиваат по цена од три денари за кубен метар. Ваквата цена веќе е договорена со градоначалниците на Штип, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Лозово и Карбинци и е прифатлива за сите засегнати страни. Цената од три денари ќе обезбеди каква-таква финансиска стабилност на ХС „Злетовица“, пред се' за враќање на кредитот.
За цената одлучуваше Управниот одбор на регионалниот хидросистем „Злетовица“, по што ќе треба да се произнесе Министерството за земјоделство, за на крај конечниот збор да го даде Владата.
Во меѓувреме Владата донесе одлука изградбата на филтер-станиците во Штип и Пробиштип да ја финансира од кредитната линија на јапонската банка за техничка соработка „Џајка“, која на Македонија и' даде кредит од 82 милиона долари за „Злетовица“. Но, што станува со преостанатите три општини, Кратово, Лозово и Карбинци? Кратово веќе со децении пие вода од реката Злетовица, што зафаќа четири километри погоре од местото на кое е изградена браната „Кнежево“. Според нашите информации, Кратово најверојатно нема да се приклучува кон регионалниот систем.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.