gogo

A+ R A-


Втора форумска сесија од „Форуми во заедницата“

Е-пошта Печати PDF

Граѓаните на Кратово ги дефинираа проблемите кои ги мачат и понудија решенија за нив

пишува - Оливер Арсовски

Големиот интерес и одличната активност на граѓаните на Кратово ја одбележаа втората форумска сесија од програмата „Форуми во заедницата“, која на 20 септември (вторник), се одржа во просториите на СОУ „Митко Пенџуклиски“. Под будното око на модераторот Васка Драшковиќ од ЦИРа и комодераторот Јорданка Шапкалиска, граѓаните на Кратово, а ги имаше околу 140, ги дефинираа проблемите кои ги мачат веќе подолг период и побараа истите да бидат решавани. Откако проблемите беа групирани според сродност, се формираа неколку работни групи кои во следниот период ќе треба да изработат концепти за предлог-проекти, кои ќе бидат изложени на следната форумска сесија, која е закажана за 13 октомври 2011 (четврток).

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.