Јакимче, тоа мало прекрасно детенце, денес беше најсреќното дете на светот. Неговата најголема желба, да има таблет, конечно се исполни. Откако пред неколку дена порталот АБЕРЏИЈА повика добрите луѓе да покажат милосрдие, уште истиот ден три анонимни донатори го наполнија со радост срцето на Јакимче.
Градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, преку свои пријатели обезбеди таблет Samsung Tab A8Â и во својот кабинет го прими Јакимче, посакувајќи му добро здравје и безгрижно детство. Средношколка од трета година во СОУ „Митко Пенџуклиски“ му подари смартфон Samsung A10 со припејд бројче.
Својата хуманост ја покажа и Македонец од прекуокеанските земји, кој извесен период живееше во Кратово. Тој испрати 7.800 денари кои му беа врачени на Јакимче.
Желбата на Јакимче исполнета, си доби таблет, смартфон и 7.800 денари
Најново
Денеска | 1618 | |
Вчера | 3342 | |
Оваа недела | 19288 | |
Минатата недела | 22369 | |
Овој месец | 9764 | |
Минатиот месец | 109670 | |
Вкупно | 20123040 |