gogo

A+ R A-


АБЕРЏИЈА ја достигна магичната бројка од 1.000.000 посети

alt„АБЕРЏИЈА“ - порталот за Кратово и Осоговскиот регион“ продолжува континуирано да расте. Доказ се бројките, а тие велат дека денес порталот www.aberdzija.com достигна 1.000.000 (милион) посети и преку 4.000.000 милиони прелистувања на страници. Проектот започна „срамежливо“ пред околу 5 години, кога излезе првиот број на весникот во печатена форма. Откако наиде на добар фидбек кај публиката, следната година, на 21 јануари 2010 весникот доби и електронска верзија. За оваа трансформација најзаслужен е младиот веб-дизајнер Мартин Марковски, без чија техничка поддршка тешко може да се замисли растот на порталот. Како што интернетот влегуваше полека во секој дом во нашата општина, така и посетеноста на порталот полека раснеше. На почетокот по педесеттина посети дневно, по неколку месеци скок до 300-400 посети, за последната година бројката на дневни посетите да се стабилизира на 2.000. Токму денес порталот ја мина и магичната бројка од 1.000.000 посети, бројка што дефинитивно е за респект, и тука некаде беше јасно дека порталот дефинитивно си ја обезбеди својата иднина.
altОтсега па натаму очекувајте збогатени содржини во повеќе рубрики, разновидни видеа поврзани со животот во нашата и соседните општини... Се надевам дека порталот ќе биде корисен информатор за сите што ќе посакаат да направат туристичка тура во нашиот град... На порталот ќе има и линкови до институции во нашиот град, мапа на градот... И секако, на крајот ги охрабрувам младите новинари во С.О.У. Митко Пенџуклиски да бидат уште поактивни и со своите идеи и статии ја збогатат содржината на порталот.
Поздрав и се читаме...
Искрено Ваш,
Оливер Арсовски

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.