„Драг Аристотеле, ми се роди син. Многу сум им благодарен на боговите, не затоа што ми се родил син, туку затоа што се родил тогаш кога ти живееш. Се надевам дека одгледан и воспитан од тебе, ќе биде достоен за нас и за власта што ќе ја наследи“. Со овие зборови македонскиот крал Филип II го поканил големиот антички филозоф Аристотел да се пресели во Пела за да биде учител на Александар Македонски.
1671-на година подоцна, додека ја раскажував приказната за Аристотел на часовите по филозофија во кратовското средно училиште, блеснаа очите на едно младо момче, сместено во првата клупа. Исто како пред 6-7 години, кога приказната за Сократ беше причината поради која Емран Мустафов ни подари прекрасен ликовен портрет од блескавиот грчки филозоф и етичар. Историјата се повторува во циклуси, рекол некој. И не згрешил. Десетина дена по лекцијата за Аристотел, случката со Емран Мустафов се реинкарнира во случката со Мартин Ангеловски. Стигна уште едно ненарачано, но посакувано уметничко дело од вештата рака на Мартин, кој самиот призна дека делото го работел во еден здив, од шест навечер до доцна во ноќта.
Приказната ќе ја завршам како што ја почнав.
„Драг Аристотеле, се роди твојот портрет во нашата училница. Многу сум благодарен на Бога, не затоа што те имам во училницата, туку затоа што си неисцрпна инспирација за креативни потфати на учениците кои те запознале“. Оливер Арсовски
Драг Аристотеле, добредојде во нашата училница!
Најново
Денеска | 895 | |
Вчера | 1145 | |
Оваа недела | 6901 | |
Минатата недела | 28162 | |
Овој месец | 6901 | |
Минатиот месец | 107754 | |
Вкупно | 20379993 |