gogo

A+ R A-


Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ и Андоновски, а не СДСМ и Митевски

alt

пишува - Оливер Арсовски

Се трчаше 20 дена кампања, се гласаше масовно, се броеја гласови, се славеше победата на Мите Андоновски за градоначалник на Кратово. А зарем некој очекуваше поинаков исход на локалните избори во Кратово. Оваа приказна веќе третпат се повторува во Кратово, бастионот на ВМРО-ДПМНЕ и СПМ, општината во која веќе во 21 часот, најрано во земјава, се прогласува победникот на изборите.

Една работа е сосема очигледна. Зад Мите Андоновски стои народ, стојат 3.910 граѓани на општината, или 2/3 од излезените гласачи. А богами, вчера кратовчани покажаа висока свест и демократски капацитет, излегоа масовно на избори и со 76 проценти излезност му дадоа полн легитимитет на изборот на Андоновски за градоначалник. Високиот одзив се должи на тоа дека граѓаните го препознаа вистинскиот човек, почувствуваа дека во Кратово последниве години благодарение на одличната соработка со Владата на Никола Груевски дуваат некои „поволни“ ветрови.

Рака на срце, огромен удел во триумфот на Андоновски има и шефот на Општинскиот изборен штаб, екс-пратеникот Марјанчо Колевски, кој откако активно се вклучи во кампањата, успеа за краток рок да го анимира стабилното и бројно членство на ВМРО-ДПМНЕ, без чија поддршка дефинитивно ќе беше неизвесна битката за градоначалничката фотеља и превласт во општинскиот совет.

Кога сме веќе кај советниците, тука владеачката коалиција освои двојно повеќе мандати од опозицијата и му ја олесни работата на градоначалникот, чии проекти нема да наидуваат на опструкции.

Еуфоријата ќе трае 24 часа, а мандатот на старо-новиот „градски татко“ ќе трае четири години. Времето бргу минува, а граѓаните очекуваат реализација на ветеното. Чекање нема, време е да се засукаат ракавите и да се фатиме за работа. За многу кусо време ќе продолжи изградбата на колекторскиот систем и изградбата на шеталиште на Кратовска река, наскоро очекуваме да се рекреираме во паркот „Карши бавча“, а и децата со посебни потреби немаат време да чекаат на Дневниот центар. Во овој мандат сакаме нашите деца да спортуваат во нова спортска сала, да играат фудбал на „Мусала“ наместо во Ранковце, да се грееме на ефтин и еколошки плин наместо на валкани дрва... Сакаме и уште неколку асфалтирани улици во градот, посакуваме и бран странски туристи, сакаме убав и чист град и насмеани и ведри луѓе. Да заборавиме на политиката во следните 4 години, да оставиме делата да говорат... Нашиот глас го дадовме за Мите Андоновски и за политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, затоа што сме убедени дека обичниот граѓанин ќе биде во фокусот, дека интересот на обичните луѓе ќе биде задоволен.

ДА ЖИВЕЕ КРАТОВО!!!

П.С. Иако ги загуби изборите во Кратово, честитки заслужува и опозициониот кандидат Зоран Митевски за освоените 1.962 гласови. Иако загуби со близу 2.000 разлика, Митевски заслужува респект затоа што „Донкихотовски“ се бореше против моќните кратовски ветерници, иако убеден сум дека и самиот бил свесен дека неговите капацитети се лимитирани, и тоа од две причини. Првата е што зад него стои една прилично „раштимана“ партија (што е многу непродуктивно за државата, јас лично посакувам сериозна и силна опозиција) од која не можеше да добие ветер во грб. И втората причина, по мене уште позначајна. Граѓаните сфатија дека евентуалниот избор на Митевски за градоначалник не може да му донесе просперитет на градот, кога е добро познато дека ниту еден стопански капацитет во градот не е близок до опозицијата за да поттикне развој на индустријата и нови вработувања. Тој може да биде и најдобриот менаџер во земјата, но сето тоа е џабе кога немаш средства во касата. Да не заборавиме дека општинскиот буџет на Кратово е прилично „тенок“ и дека без донации од Владата на Груевски ниту една капитална инвестиција нема да може да ја реализира. Колку за пример, швајцарците понудија 2,5 милиони денари за санација на киното, Општината обезбеди уште толку, но доколку Министерството за култура не ги обезбедеше останатите 6 милиони денари, ние денес кино-сала ќе немавме.

Ете затоа Мите Андоновски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.