gogo

A+ R A-


Голем е Чикаго, уште поголемо е кратовското хумано срце на нашинците од Чикаго

Животниот пат ги однесе преку барата. Од онаа страна на Атлантикот. Ги има најмногу во Чикаго, нешто и во Минеаполис. Но, никогаш не забораваат од кај се, никогаш не забораваат на своите корени, на своите довчерашни сограѓани. Почитувани, оваа колумна ја посветувам на кратовските иселеници во САД, на една поголема група, претежно млади луѓе кои лебот го вадат во туѓина, но чие срце чука сеуште за родниот град Кратово. Вчерашната сторија http://chicagoraffaello.com/wp-content/uploads/2013/08/chicago-skyline.jpgна порталот „Аберџија“ за маките на Давид Стојановски, кој боледува од тешка болест, секавично допре до срцата на нашите иселеници во Чикаго. Уште во текот на вечерта на мојот Фејсбук-профил стигна абер од нашите кратовци во Чикаго и Минеаполис, вест дека потребните 47.000 денари за терапија на Давид се собрани за неколку часа. Веќе следната недела, еден од нашите сограѓани лично ќе допатува во Македонија и ќе ја уплати сумата за потребната терапија, со желба за побрзо оздравување на малиот Давид.
Овој гест е уште една капка надеж за Давид, но и капка надеж за подобар свет.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.