
Со Програмата Â се утврдени развојните приоритети на општината кои ќе бидат насочени кон поддршка на локалниот економски развој, продлабочување на меѓуопштинската и меѓународната соработка, поттикнување на развојот на туризмот и поддршка на граѓанските здруженија.
Поддршката на локалниот економски развој ќе се реализира со безмалку седум милиони денари преку подготовка на проекти согласно стратегиските документи и годишните програми на општината -подготовка на апликации за пристап до средства од ЕУ фондовите, државни институции и други донатори, како и Â учество на обуки, семинари и работилници.
За имплементација на проекти со средства од ЕУ фондови и регионални проекти во рамки на Центарот за регионален развој на Североисточниот плански регион се издвоени шест милиони денари, за меѓуопштинска и меѓународна соработка се планира да бидат потрошени околу 800.000 денари, а поттикнувањето на развојот на туризмот ќе се се финансира со 1,38 милиони денари. Средствата ќе се насочар кон создавање соодветни услови за искористување на конкурентните предности и дефинирање на туристичката понуда и производи преку претставување на општината на домашни и меѓуанродни саеми, организирање промотивни настани од различни области. Ќе се поставуваат и надстрешници за одморање на локалниот патен правец Крива Паланка – Калин Камен за што ќе се инвестираат 730.000 денари.
Со Програмата за ЛЕР за следната година се предвидува и поддршка на НВО секторот од Крива Паланка, а општината ќе издвои срества и за изготвување стратегиски документи за рурален развој, информатичка технологија и енергетска ефикасност.