gogo

A+ R A-


16 деца од Крива Паланка бесплатно ќе зимуваат на Пелистер

alt

Шеснаесет деца од Крива Паланка од семјства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток  утрово заминаа на бесплатен зимски одмор на Пелистер.

Како дел од соработката на Црвениот крст и Министерството за труд и социјална политика за реализација на овој проект, дечињата од Кривопаланечко ќе бидат придружувани од Славица Ристовска, волонтер на Општинската организација на Црвениот Крст од Крива Паланка.

- Во рамки на шестдневниот престој подготвена е програма на активности, во утринските часови за рекреација на децата, а вопопладневните друштвени игри, едукативни активности, дисеминација за Црвениот крст,  предавања од соодветни области, креативни активности како  цртање, пишување поезија, проза и слично, а во вечерните часови забавни и други активности, со што ќе се поттикнат креативноста, дружељубивоста и социјализацијата на овие деца, изјави Ристовска, одделенски наставник во ООУ „Илинден“ и потпретседател на ОО на Црвен Крст, Крива Паланка.

Инаку, дечињата од Крива Паланка ќе престојуваат во одморалиштето „Пелистер“ во Битола од 13 до 19 јануари, во рамки на третата смена od проектот на Министерството за труд и социјална политика „Одмор и рекреацијана деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток” –зима 2015 година, со кој се опфатени вкупно 1.000 деца од целата држава.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.