gogo

A+ R A-


Арсенчо Алексовски ја презеде функцијата градоначалник на Крива Паланка

Претседателот на Oпштинската изборна комисија на Крива Паланка Георги Ристовски му го додели уверението за вториот градоначалнички мандат на староновиот градоначалник на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски кој беше реизбран на локалните избори на 24.03.2013 година.

palanka k
На свеченоста покрај претседателот и членовите на ОИК на Крива Паланка присуствуваше и општинската администрација кои на градоначалникот му подарија подарок и му посакаа среќа и успех во вториот мандат.

palanka

Исто така, на градоначалникот Алексовски симболично му беше предаден и клучот на градот за прв пат оваа година кој ќе премине во традиција за секој градоначалнички мандат за успешно водење на општината во секое поле.

palanka2

Градоначалникот Арсенчо Алексовски се заблагодари на кривопаланечките граѓани што му го доверија вториот мандат и нагласи дека овие избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера.

Тој вети дека како и во изминатите четири години и во наредниот период ќе настојува ветената изборна програма да ја реализира со дадените рокови без нивно одлагање. Изрази надеж дека во овие проектни активности ќе му помогне и централната власт, како и средствата од ИПА програмата за прекугранична помош на фондовите од Европската унија.

 

Свеченоста беше одбележана со коктел на кој наздравија за успех во работата на градоначалникот Алексовски.torta1

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.