gogo

A+ R A-


Бирото за регионален развој ќе финансира проекти на североистокот

altЦентарот за развој на Североисточниот плански  регион годинава ќе спроведe неколку проекти што ќе бидат финансирани од Бирото за регионален развој.

- Советот на регионот, градоначалниците од шестте општини Куманово, Крива Паланка, Липково, Кратово, Ранковце и Старо Нагоричане се договорија овие средства рамномерно да бидат распределени, изјави директорот на Центарот за развој, Младен Протиќ.

Општина Липково аплицира со проект за изградба на 250 метри фекална канализација за село Слупчане. Општина Куманово реши со сопствено учество во проект да направи основен проект за општинска зграда на локалитетот „Чоробенско Ќоше“. Крива Паланка според информациите од Центарот, ќе  аплицира за изработка на студија за изводливост на проектот ски центар „Калин Камен“.

- Останатите три општини, Кратово, Ранковце и Старо Нагоричане, решија да изработат основни проекти, ревизија, изработка на техничка документација за околу 60 километри патни правци за сите три општини, вели Протиќ.

Од Центарот за развој на североисточниот плански регион, информираат дека меѓуопштинската соработка успешно се остварува преку изготвување на приоритетна листа на проекти за тековна година.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.