Владата на Република Македонија денес именуваше директори во повеќе институции. За вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, орган во состав на Министерството за транспорт и врски е именуван Борјанчо Мицевски, пратеник од Крива Паланка.
Мицевски е актуелен претседател на Општинската Организација на СДСМ од Крива Паланка, и е член во советот на општината. Тој долги години беше вработен во Регионалниот центар за одржлив развој во Кратово.