
-Реконструкцијата се изврши со средства кои МТСП ги одезбеди во рамки на ИПА програмата на ЕУ во износ од 2 милиони евра со кој беа реконструирани 12 Центри за вработување во државата, акко и повеќе Центри за социјална работа и Дневни центри.Реновирани се девет канцеларии, два работни клуба, и останатите простории,изјави Грозде Ѓоргиевски, директор на Центар за вработување, Крива Паланка.
Направена е современа термоизолациона фасада, со што зградата е енергетски ефикасна.
-Поставено е внатрешно греење и ладење, а со комплетната замена на кровната конструкција решени се проблемите кои ги имавме по однос на протекување при мали временски непогодности, бидејќи кровот беше во исклучително лоша состојба-додаде Ѓоргиевски.
Објектот беше реновиран за прв пат од неговата изградба и ставање во функција, во 1961 година.