gogo

A+ R A-


ДИМИТРИЕВ: Над милион евра за нови инфраструктурни проекти во Крива Паланка

dimitriev-kriva-palanka-640x343Со над еден милион евра за инфраструктурни проекти, Владата ќе го подобрува животот на граѓаните во Крива Паланка. На нивно барање  се отпочнува локалниот пат во Жидилово и патнот правец од Варовиште до манастирот Св. Јоаким Осоговски. На отпочнувањето на градежните работи присуствуваше премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев. 

Изградбата на патот од манастирскиот комплекс ја освети и кумановско осоговски митрополит г. Јосиф. Како одговор на барањата на жителите од овој крај ќе се градат и други локални патни правци а Димитриев најави и изградба на канализациона мрежа и пречистителни станици во Мождивњак, Дурачка река и Длабочица.

Во изминатите години Владата ја помогна и изградбата на новиот  плоштад преед општинската зграда, изградбата на водоводи проект „висока Зона Лев брег „кој веќе е во завршна фаза а со кој се става крај на децениските проблеми  со водоснадбувањето на Крива Паланка.

Димитриев се сретна и со граѓаните кој  не го криеја задоволството од заложбите кои ги прави владата за развој на градот и подобрувањето на секојдневниот живот.

Во прошетката низ центарот на Крива Паланка,  Димитриев разговараше и со дел од поранешните  професионални војници кои му  се заблагодарија за вработувањето кое го добија во државните институции.

Придобивките од новите капитални проекти ќе се почуствуваат и во туризмот. Со новите патни правци се олеснува патот до најпосетуваниот манастирски комплекс кој е туристички  бисер за Крива Паланка.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.