Малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка е детето кое многумина го прогласија за херој, откако беше објавено дека цели три часа се борел со студената вода и калта пред да го спаси неговиот татко. Тој со своите родители и помалиот брат се враќале од годишен одмор кога страшното невреме ги затекнало кај обиколницата во Скопје. За жал, во големата трагедија во саботата животите ги загубија неговата мајка Марина Велиновска и неговиот помал брат, шестгодишниот Јован.
Таткото, кој е професионален пожарникар, и храбриот Ведран по неколкучасовна борба со водената стихија успеале да ја избегнат кобната судбина.
Порталот Аберџија апелира до сите хумани граѓани да му помогнат финансиски на малиот Ведран, а тоа може да го сторите на следните трансакциски сметки (првата е за донации од странство, а втората од земјава)


















