ЛЕСНОВО - БЛИЗАНЦИ - ЕТНО КУЌА КРАТОВО - КУКЛИЦА и понатаму (УВЕРТИРА на 4М-2) Тогаш кога ќе почувстувате дека стоите на вашите сопствени нозе, а тие се однесуваат некако чудно и ве носат како љубопитна детска рака и кога видикот ќе почне да ви наликува на лавиринт од козји патеки во кој секој камен има своја легенда, секое дрво своја приказна и дебела сенка за починка, секоја пољана цветен килим од планински цвеќиња и тогаш кога ќе ве обземе трпетливиот пој на шумските птици... повеќе не избирате зборови ...туку... едноставно се препуштате на своите чувства и потајно им заблагодарувате на саксонските рудари кои веќе рекле дека...тука господ ги растоварил божјите увавини кумодарувајќи го пределот - Осоговски Планини. Секое навраќање во Лесновскиот кратер е поинакво, но моментот кога почнуваат серпентините да ве издигаат кон Лесново имате чувство дека пред вас се отвара своевиден пиедестал на природата. Застануваме заедно со групата белгиски туристи кои се дојдени преку Туристичка агенција од Бугарија, а ги предводи туристичкиот придружник и мој колега по планинарска линија планинарски водач Илиана, веќе неколку дена тие ги истражуваат македонските скриени убавини , воздишките се мешаат со погледите кои што се свртени кон Лесновскиот кратер и манастирските конаци над кои се надвиснале бели облаци. Почнува да врне во моментот кога влегуваме во Пештерата на пустиножителот Св. Гаврил Лесновски, еден по еден со длабок наклон како што налага влезот на пештерата. По неколку минути веќе имате чувство дека сте се вратиле десетина века наназат, ја слушате приказната за пустиножителот. На гостите, со особена чест им ги објаснувам особеностите на осоговската планина, нејзината ендемична флора и фауна... продолжуваме... Ситниот дожд не следи додека внимателно ги разгледуваме уредените лавиринти и јами од каде што се вадел познатиот лесновски воденичен камен. Внатре не чека изненадување... нашиот домаќин Стевче и неговиот син Јаким, небаре сме аргати, во јамата распослале бовча од која се шири мирис на цветен планински мед и по една „Манастирска“ додека дождот во ситен ритам создава чудни созвучја а светлината ни доаѓа низ „Ѓаволските очи“... Немаме многу време здравицата ја нерекуваме „за уваво време“ , излегуваме и како за чудо „ритуалот“ ни успева, дождот за момен стивнува а ние веќе сме пред портите на Лесновскиот манастир, каде дамите избираат здолништа на влезот, така внимателно како да се на модна ревија... Љубезните свестенослужители за момент не враќаат во богатата историја на Манастирот, на позната препишувачка школа а ние се восхитуваме на зачуваноста на оргиналниот фрескоживопис и едно од првите дела на мијачката резбарска школа. На излегување се постројуваме покрај шест века старата дудинка, тој природен хроничар на кој му се восхитуваат сите добронамерници кои го посетиле манастирот, се чини и таа како и ние едвај чека да го види новиот плочник на веќе поставената подлога и грижливо стокмените камени плочи. Тоа местото каде со години, на добронамерниците им ја раскажувам легендата за четворицата духовни браќа, пустиножителите Св. Јоаван Рилски, Св. Јоаким Осоговски, Св. Прохор Пчински и Св. Гаврил Лесновски, како и за традиционалната трекинг патека 4М, По патот на една Легенда од 11-ти век... Излегуваме, тргнуваме времето е сеште променливо но многу пријатно за пешањење, попатно ги користам паузите за да споделам уште некоја информација за особеностите на планината.... Неосетно излегуваме од селото, притоа забележувајки по некој детаљ кој ни ги привлекува фото-објективите. Трошните куќи во чии што дворови забележуваме по некој воденичен камен и гришливо делканите корита во камен, и празните вериги под стеите не подсетуваат за некогашното секојдневие во селото а фармата на крајот на селото, пркоси тому како да е искра на надеш дека сепак селото повторно ќе заживее. По пат ни се придружува и еден селанец, очигледно желен за лаф-муабет трнува со нас заедно со своето магаре, како што и самиот вели, за да ни се најде по пат, да не не исплашат кучињата. Неосетно ја совладуваме угорнината, одамна позната на планинарите по Трансверзалата 4М, се отвара видикот кон Добрево, застануваме, се расприкажуваме за старите патни правци, од Солуна до Стамбола, за тоа како се може да се стаса до Кратово, но и за преданијата како од градот на било изнесено азното... Тргнуваме полека по таканаречениот невестински пат, кој не подсетува на таа вечна тема -љубовта кон саканата... за кобната судбина, за кутриот млад селанец кој не успеал да се усреќи, и а ако е за утеха народниот гениј го нарекол овој пат во негова чест „Невестински пат“... И така полека неосетно ја одминуваме патеката, облаците се згуснуваат а дождовникот на патот како да ни најавува нов бран за разладување, ги поминуваме последните стотина метри и како по договор имаме среќа ја поминавме планираната делница до Близанци, и сега може да врне... а ние веке стасавме до тремот на шумската куќичка каде што имаме ручек, вистински планинарски, одамна немав видено току голема концентрација на пепетуки на едно место, ние ги пробуваме специјалитетите еден по еден, онака како на презентација, стана вообичаено кога ке се понуди нешто да се каже зошто токму тоа е одбрано, па така со ред, ја пробуваме и мојата „Витосна Спрегла“ а комплиментите се редат еден по еден... за медот, салатата, вистинската гордост на Стевче - К’цаната сол а и манастирското вино како најава за вечерата. Тргнуваме... полека се спуштаме кон Кратово, чувството е како да влегуваме како во вистински Кратер, набрзо се појавуваат првите знаци на цивилизацијата, по некој пчеларник, осамена бавча придружена со мала викендичка. Неосетно влегуваме во градот застанувајќи на Радин Мост за да ја слушнеме легендарта за убавата Рада и нејзината субина опеана во народните песни, за мостот, за градителските маки... продолжуваме, поминувајќи покрај куќата на градителот Андреа Дамјанов и возобновената црква посветена на Свети Јован Опсеченик , црква под чиј кров симболично преку три камени розети сиболично е вградена една симболика за слога и сожителство на сите верници, православните, католиците евреите и сите други што судбината ги натерала да дојдат во еден од најстарите рударски градови во Европа на печалба. Поминуваме низ тесните сокаци а домаќинот Стевче не посетува одвреме навреме во кој дел на градот се наоѓаме... и така лежерно полека надвиснати над старите мостови здогледуваме една црна чапља која како намерно токму нас да не чекала за да го вековечиме нејзиното вечерно надлетување на градот. По разгледот на мноштвото кули и мостови запираме пред споменикот на закрилникот на Кратово Св. Геоги Кратовски, оддаваме почит и накратко се посетуваме за неговиот пример за храброст и посветеност на очувување на верата. Заслужија пауза белгиските туристи, мала пауза за да се подготват во хотелот за очекуваната заедничката вечерна дружба во етно-куќата на Стевче. Сите сме на број, се е истовремено и нармало и чудно на свој начин, седенката наликува на вистинска семејна прослава,
ако некој сосема случајно ни се придружеше во тој момент сигурно ќе помислеше дека се познаваме со години. „Момчето со гитарата“ направи таква атмосвера во која се редеа песните една по една... мало изненадување од страна на белгиските туристи кои на огинален начин преку песна се заблагодарија за убаво поминатиот ден, а пота “Македонско девојче“ ја пеевме сите... Во меѓувреме уживавме во грижливо подготвените сармички, „Тавче гравчето“ Манастирското вино и ракија... Разменуваме по некој сувенир за спомен, туристичкиот придружник Илиана ја објаснува агендата за наредниот ден посета на Куклица, манастирот Свети Ѓорги во Старо Нагоричано...Етно село... Нов ден, нова нафака... тргнуваме кон Куклица, пред хотел Кратис групата е подготвена за нови доживувања... овој пат ја напуштаме родопскиот Осоговски масив, и се упатуваме во ново патежествие едно чудно предание, кое кога го слушаш имаш впечаток дека човекот и неговата имагинација од една страна се натпреварувал со природата и незините атмосверски влијанија. И сето тоа на еден толку мал ограничен простор како музеј пос отворено е тоа е Куклица. Со превозот стигнуваме до мостот на Крива Река... и оттаму помалку лежерен чекор се упатуваме кон камените кукли... имавме чувство дека и птиците не следат, посебно разположени за песна можеби заради претходниот помалку врнежлив ден неколку славејчиња, гугутки, глици и уште што не, како што се движевме имавме впечаток дека сме група на љубители на птици која има научни истражувања на терен. На патот забележавме сочни плодови од дудинки кои не намамија да го пробаме нивниот вкус, за да по неколку минути пристигнеме во Куклица. Место кое е секоаш инспиративно, кое има особена убавина ако небото е ведро... Гостите со внимание ги слушаат преданијата за Скаменетите сватови, ги разгледуваме сите чинители на свадбата, полека искачувајќи се по слалите до видиковецот каде ја правиме заедничката фотографија и пак назад правејки цел круг за за приказната биде целосна. Овој пат имаме среќа, вистинска среќа како што вели една афричка поговорка дека ќе биде стеќен оној кој ќе го види моментот на
процветување на кактус, да се израдувавме зато што наидовме на неколку вистински, природни „кактусови градини“ кои многу чудно се задржале токму на овој простор, како интересен феномен, или можеби како природен меѓник за влијанието на медитеренската клима кое се чувствува по долината на Вардар, Пчиња и како да запира токму тука на овие благи падини, сончеви падини во Криворечеието.
Планинарски водач Стојанче Величковски (Органзатор на Планинарска Трансверзала 4М) Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите