gogo

A+ R A-


Фестивал за еко-храна во Крива Паланка

alt

На градскиот плоштад во Крива Паланка денеска се одржа  манифестацијата „Кривопаланечка еко - храна  2015“,  која е всушност досегашната „Паланечка Компиријада“ дополнета и збогатена со содржини.
На плоштадот беа поставени штандови со компир произведен во Осоговието, беа изложени слатки и солени специјалитети од компир изработени од вредните паланечки домаќинки и еко-храна од регионот.
- Годинашната манифестација ја збогативме со здрава храна приготвена на традиционален начин и на наше задоволство имаме масовен одзив од паланчани. Се претставија бројни угостители од Крива Паланка, пезионерките од градот, членките на клубот „Достоинствен живот“ при општинската организација Црвен Крст од Крива Паланка и останати учесници. Дечињата пак, од основните училишта и предучилишната установа „Детелинка“ приготвија интересни изработки со есенски мотиви од компир и есенски лисја-ијави Весна Чурчиќ-Величковска, иницијатор за основање на манифестацијата.
Организатор е општина Крива Паланка, која обезбеди награди за најумешните и најбрзите во лупење компир, за најтежок компир кој тежеше 1.200 грама, награден беше и сопственикот кој изложи цвекло со тежина од 1.400 грама, а се одржаа и забавни натпревари за помладите.
- Посетителите  ги дегустираа разновидните јадења подготвени од компир, направени од вештите раце на домаќинките,  слушнаа за благотворните дејства на компирот, неговото користење како лек и кулинарски трикови за приготвување јадења од компир, а манифестацијата уште еднаш покажа дека нашиот град има со што да се пофали и гордее на полето на здрава - еко храна, покрај компирот, додаде Чурчиќ-Величковска. 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.