Двајца 27-годишници од населбата Карпош утринава го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Куманово -Крива Паланка на местото викано Смилчинци.
Другарите, Далибор Ристовски и Игор Ѓелиќ тргнале на работа во Старо Нагоричане, но на 6-тиот километар од Куманово ненадејно се извртела „фиестата“ на среде патот и удрила во автобусот кој доаѓал од спротивната страна. Возачот на автобусот се обидел да ја избегне сообраќајката, но не успеал.