gogo

A+ R A-


ФОТОСТОРИЈА од отварањето на изложбата „Невестинско поклонение“ во Дом на АРМ

Најдобрите 100 дела од минатогодишниот Меѓународен конкурс за карикатура “Невестинско Поклонение“ од с. Конопница – Крива Паланка, на тема „Снаа-свекрва“ синоќа беа претставени пред пробирливата публика на главниот град.

Изложбата се реализира под покровителство на Општина Крива Паланка и автор и координатор на меѓународниот конкурс Стојанче Величковски.

Свеченото отворање на изложбата се случи во Уметничката галерија при Домот на АРМ, а посетителите во наредните десетина дена ќе може да уживаат во изборот на делата на авторите од Аргентина, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бразил, Бугарија, Чешка, Црна Гора, Египет, Ерменија, Хрватска, Индија, Индонезија, Иран, Кина, Куба, Полска, Романија, Русија, Србија, Турција, Украина, Узбекистан и Македонија.

Да подсетиме дека во 2014 година, еминентното жири во состав Милан Алачевиќ (Словенија), Јовчо Савов (Бугарија), Јодран Поп-Илиев и Никола Ангелкоски, градоначалникот на општина Крива Паланка во својство на покровител, Стојанче Величковски во својство на автор на конкурсот и директорот на Музејот Драган Величковски, член на жири комисијата одлучија победник и освојувач на трофејот „Невестулка“ за 2014 да биде Ириен Трендафилов од Бугарија, втората награда ја освои Дамир Новак од Хрватска, третата Фарзане Вазири Табар од Иран. За првпат годинава е доделена плакета за најдобра колекција која му припадна на Олег Гутсол од Украина, додека специјални награди ќе добијат Горан Челичанин и Уралскиот клуб на карикатуристи „Брусница“ кој зеде колективно учество на конкурсот. Дваест автори кои што се пласираа во финалниот избор ќе добија признанија за особено успешни трудови.

Според обичајот на кој се темели возобновената културна манифестација, право на учество имаат сите нововенчани млади невести кои слкучиле брак помеѓу две Тодорици, кои што ќе дојдат заедно со своите свекрви во народни носии од својот крај.

„Невестинско поклонение“ на Свети Теодор -Тирон во село Конопница и натаму продолжува да биде афирматор на кутурните вредности и македонската народна традиција на национално и меѓународно ниво.

alt

alt

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.