Во пресрет на новогодишната ноќ на 31.12.2012 (понеделник), Градоначалникот Арсенчо Алексовски на општина Крива Паланка и претставници од општинската администрација традиционално по четврти пат ги посети дежурните одделенија на институциите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните, Полициската станица, Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска служба и притоа се информираше за подготовките кој овие служби ги имаат направено за да помине се во најдобар ред на пречекот на Новата година и во текот на празничните денови.




 
				
							 
				
							 
				
							 
				
							 
				
							 
				
							













