Брачна двојка е застрелана синоќа во нивниот дом во Крива Паланка од засега непознато лице. Сопружниците со прострелни рани во градниот кош и абдоменот се примени синоќа во 21 часот и 30 минути во Итната медицинска помош при општинскиот здравствен дом „Димитар Арсов“, а потоа се упатени во Ургентниот центар во Скопје.
Според информациите од раководителот на Итната медицинска помош, д-р Грозде Спасовски, лицата се примени во свесна состојба и контактибилни и рекле дека нападот бил извршен во нивниот дом од страна на маскирано лице, кое сакало да ги ограби.
Спасовски информира дека лицата се реанимирани, извршени им се испитувања и по оспособување за транспорт, жената е упатена во Ургентниот центар во Скопје, каде што и е извршена интервенција на Торакална хиругија.
Мажот е транспортиран во Ургентниот центар Скопје околу 1 часот и 30 минути по полноќ, каде што е задржан на опсервација, изјави Спасовски.
Хорор во Крива Паланка, разбојник застрелал брачен пар при ограбување
Најново
![]() | Денеска | 200 |
![]() | Вчера | 3094 |
![]() | Оваа недела | 13794 |
![]() | Минатата недела | 24852 |
![]() | Овој месец | 11644 |
![]() | Минатиот месец | 138483 |
![]() | Вкупно | 22202426 |