gogo

A+ R A-


Игор Митковски го фати крстот во Крива Паланка

Во водите на Крива Река по крстот скокнаа повеќе од 100-тина верници, меѓу кои имаше и малолетни лица, а најсреќниот беше најмладиот од нив Игор Митковски кој има 15 години.

alt

По повод големиот верски празник Богојавление-Водици, Богојавленската литургија започна во 09.00 часот Св. Димитриј во Крива Паланка, по што свештениците се упатија кон така наречениот Шанин мост каде верниците со нетрпение очекуваа да биде фрлен светиот крст.

Општина Крива Паланка и оваа година по четврти пат организираше пивтијада на градскиот плоштад , кој ги подготвија учениците од угостителската паралелка од СОУ Ѓорче Петров.

На градскиот плоштад имаше вистинска празнична атмосфера покрај вкусните пивтии, имаше и топол чај, греана ракија и музика. По завршувањето на чинот фрлање на крстот верниците се упатија кон градскиот плоштад и ги пробаа вкусните пивтии.

Воедно и градоначалникот Арсенчо Алексовски на општина Крива Паланка му додели телевизор на среќникот кој го фати светиот крст оваа година.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.