gogo

A+ R A-


Излегол по нужда, се лизнал и се удавил во Крива река

Несреќен случај во Крива Паланка. 40 годишниот Сашко Младеновски се удавил во Крива река минатата ноќ околу 3 часот. На враќање од Бугарија со свој другар, застанал кај местото Самоков. Сашко излегол од возилото поради физиолошка потреба, но се лизнал и паднал во реката оддалечена од патот околу 7 метри. Неговиот пријател веднаш повикал полиција и почнале да го бараат. Дури по два часа телото на Младеновски без знаци на живот е пронајдено кај градскиот базен. Нема траги на насилство на неговото тело, а обдукцијата треба да покаже која била причината тој да ја изгуби рамнотежата - дали му се слошило или едноставно се лизнал.

altwww.kanal5.com.mk

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.