gogo

A+ R A-


Кејот на Крива Река во Крива Паланка хортикултурно се уредува

Започна хортикултурното уредување на мајор коритото на двата брега на Крива Река во рамки на годишната програма на секторот „Паркови и зеленило“ при јавното претпријатите Комуналец од Крива Паланка.

Kriva Reka500

Кејот на Крива Река се уредува на потегот од градскиот парк до спортскиот комплекс во општината.

- Вработените од секторот Паркови и зеленило интензивно работат на подготовка за раззеленување на кејската површина.  Отстранети се две постојни септички јами кои беа во близината на паркот, а тој дел е уреден со цвеќе. Истовремено се садат цвеќиња на одредени локации долж течението на  Крива Река, а планирано е поставување е уредување со фонтани. Ќе поставиме неколку украсни фонтани и повеќе фонтани за пиење вода, информира директорот на ЈП Комуналец, Томе Тодоровски.

Тој нагласи дека бидејќи на десниот брег од реката се наоѓа ролерско-велосипедска патека, планирано е тој дел да остане за спорт и рекреација, додека како што рече, левиот брег е предвидено да се уреди урбан дел за одмор и рекреација.

- На левиот брег на мајор коритото ќе бидат поставени повеќе клупи за одмор, ќе се уредат места со реквизити за деца и ќе биде поставено осветлување со околу дваесетина канделабри. Во централниот дел ќе се постават и скали кои ќе водат до шеталиштето, додаде Тодоровски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.