gogo

A+ R A-


Ќе се реконструираат санитарните јазли во ООУ „Илинден“ од Крива Паланка

alt
Со средства од околу 1 милион денари, по четири децении од изградбата на училишната зграда ќе се реконструираат санитарните јазли во основното општинско училиште „Илинден“.
 
- Одвоени се средства од сопствениот буџет на училиштето од блок-дотациите од Министерството за образование и наука со кои комплетно ќе се реконструираат санитарните јазли на четири ката во еден блок од училишната зграда. Со реновирањето комплетно ќе бидат заменети санитариите, ќе се постават нови плочки, дотраената столарија ќе се замени со ПВЦ столарија, а покрај новите чешми на сензори и електронски апарати за сушење, планирано е поставување и бојлери за топла вода, информира директорот на „Илинден“, Оливер Дејановски.
 
Тој додаде дека станува збор за обемен зафат кој ќе отпочне веднаш по завршување на тендерот, а останатите санитарни јазли кои се наоѓаат во другиот блок од централниот објект ќе се реконструираат во текот на наредната учебна година.
 
Од изградбата на зградата во 1974 година ова е прва реконструкција на санитариите, додека училиштето беше реновирано во 2011 година со средства од Министерството за образование и наука на РМ.
 
- Со реновирање на тоалетите училиштето ќе биде комплетно обновено, останува уште интервенција во спортската сала за чија реконструкција се планира обезбедување средства од проект кој ќе го направиме во соработка со партнер-училиште од соседна Бугарија преку ИПА програмата за прекугранична соработка на Европската унија, рече Дејановски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.