На автопатот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром, вчера во 6 часот и 20 минути се случила сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот. Како што соопштуваат од полицијата, дошло до судир на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „пасат“ со кумановски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Кратово.
По незгодата повредените со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде што и покрај укажаната помош, кратовчанецот Орце Величковски им подлегнал на повредите, а на двајцата возачи и на двајцата сопатници им биле констатирани телесни повреди.