Европската Унија ќе ја финансира изградбата на железничката пруга на Коридорот 8 која треба да ги поврзе Црното и Јадранското Море минувајќи низ Македонија. Изградбата на пругата, која македонските политичари ја најавуваат уште од 1990-те години, секогаш се претставуваше како приоритет, но до денес, остана нереализирана. Комесарот за проширување Јоханес Хан најавува дека Унијата ќе понуди финансирање на шест транспортни проекти- дел за автопати, а дел за железници.
„Еден од железничките проекти е и славниот Коридор 8, кој треба да изгради врска исток-запад од Бугарија преку Македонија, и на крајот до Албанија", вели Хан за ДВ.