gogo

A+ R A-


Крива Паланка: 16-годишник со клешта удрил девојка по главата и убодел сограѓанин со нож

mvr41Во Крива Паланка на ул. „Единство“ синоќа околу 21.00 часот  по претходна расправија и нарушување на јавен ред и мир, шеснаесетгодишник со клешта ја удрил С.А. (18) од Крива Паланка, при што и нанел телесни повреди во пределот на главата. Потоа со нож му нанел два убода во пределот на левиот колк на А.А. (25) од Крива Паланка.

На повредените им била укажана лекарска помош во ЈЗУ-Крива Паланка, по што се пуштени на домашно лекување. МВР денеска соопшти дека во 23.50 часот сторителот е приведен во ПС-Крива Паланка, извршен е разговор по што е ослободен. Со потврда за привремено одземени предмети одземени се клештите и ножот, а по наредба на Јавен обвинител против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „убиство во обид“. Увид извршила екипа од ПС-ОН Крива Паланка.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.