gogo

A+ R A-


Крива Паланка домаќин на државниот натпревар за слепи во „гол-бал“

Во организација на Националниот сојуз на слепи на Македонија од денеска до недела во спортската сала „Петар Поп Арсов “ во Крива Паланка се одржува Државното првенство во гол-бал, специјална спортска дисциплина за слепи и слабовиди лица.

 

На првенството учествуваат осум екипи, по една од здруженијата на слепи од Охрид, Кавадарци, Битола, Тетово и од Куманово, две од здружението на слепи од Скопје и една екипа од  Државното училиште за слепи „Димитар Влахов“, Скопје.

Решивме да ги дисперзираме настаните од ваков карактер за да ги популаризираме и доближиме до сите луѓе – истакна претседателот на Сојузот на слепи на РМ, Жарко Селковски, упатувајќи благодарност до локалната самоуправа на општина Крива Паланка за поддршката, и за тоа што овозможија прв пат едно вакво првенство да се одржи во град каде што нема здружение за лица со оштетен вид.

На територијата на општина Крива Паланка евидентирани се 15 лица со оштетен вид кои членуваат во Меѓуопштинското здружение на слепи од Куманово.

Во текот на денешниот ден се одигруваат натпреварите по групи, за утре се закажани полуфиналните средби, а натпреварот за трето место и финалниот дуел ќе се одиграат во недела.

Гол-бал е игра во која се натпреваруваат 2 екипи со максимум 6 играчи, од по кои тројца се во игра. Играта се реализира со звучна топка која се уфрла во голови долги 9 метри и високи 1,3 м. Во Македонија натпревари  во гол-бал се одржуваат од 1968 година.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.