gogo

A+ R A-


Крива Паланка гради спортско-рекреативна патека покрај Крива река

Општина Крива Паланка годинава се нафати да реализира проект, кој ќе придонесе за квалитетот на животот на своите жители, но и за осовременување на централното градско подрачје. До крајот на годината, во речното корито на десниот брег на Крива Река, треба да биде изградена повеќенаменска спортско-рекреативна делница, со придружни естетски и функционални елементи.00903 За оваа потреба, општината уште еднаш се сврте кон европските фондови, продолжувајќи ја праксата по која според статистиките се издвојуваме на целиот Балкан, а за што говори и оригиналниот назив на проектот,„Велосипедски патеки за граѓаните и посетителите на Крива Паланка и Ќустендил. Се работи за нова проектна активност во рамките на Прекуграничната соработка, овој пат со Ќустендил од соседна Бугарија како носител и Крива Паланка како партнер-општина. Вредноста на проектот изнесува 290 000 евра, а  опфаќа изградба на велосипедски патеки, една во Крива Паланка, другата во збратимената општина преку границата. Административната фаза од проектот деновиве беше крунисана при потпишувањето на договорот со градежното претпријатие кое ќе биде изведувач на работите,„Цветкомпани“ од Скопје на 17.10.2012 година. Само неколку дена подоцна, благодарение на поволните временски услови активностите на терен почнаа. Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, имајќи го предвид искуството со изведувачот,  истакна оти не се сомнева во тоа дека граѓаните ќе можат да уживаат во благодетите на новите спортско-рекреативни содржини многу порано од предвиените крајни рокови со проектните планови.

Значи, блиску е денот кога кривопаланчани, конечно ќе ја заменат пешачката патека покрај заобиколницата на која две децении шетаа, трчаа, возеа велосипеди и ролери, со нов, модерен, содржински збогатен, естетски прилагоден спортско-рекреативен појас.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.