gogo

A+ R A-


Крива Паланка ќе се збратимува со општина од Словачка

Општина Крива Паланка има намера да се збратими со општина од Република Словачка, истакна градоначалникот Арсенчо Алексовски кој во петокот беше домаќин на словачкиот амбасадор во Република Македонија, Мартин Безак

alt

Градоначалникот Алексовски и амбасадорот Безак, исто така, разговараа и за можноста за заедничка имплементација на општината Крива Паланка и соодветна словачка општина на проекти од ЕУ фондовите, како и за можност за економска соработка со словачки компании. Словачкиот амбасадор притоа беше запознаен со моменталната состојба на општината, од аспект на реализираните и идните проекти на општината.

Амбасадорот Безак во придружба на градоначалникот Алексовски ги посети манастирот „Свети Јоаким Осоговски" и градскиот музеј во Крива Паланка.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.