gogo

A+ R A-


Крива Паланка прогласен за град на културата за 2013

 altГрад на културата во 2013 година ќе биде Крива Паланка. На конкурсот на Министерството за култура општината доставила апликација која ги исполнува условите да биде престолнина на културата во Македонија.

„Програмата на општина Крива Паланка содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини од сите дејности. Во реализацијата на активностите ќе учествуваат установи и здруженија на територијата на општината, односно националните, општинските и образовните установи, библиотеките и други субјекти“, соопшти Министерството за култура.

Комисијата која ги разгледувала пристигнатите пријави ја истакнала како предност геоположбата на Крива Паланка, добрата соработка со Бугарија и големата фреквенција на движење. Предност за да биде избрана, исто така, било и тоа што културните содржини ќе се реализираат во комплексот „Свети Јоаким Осоговски“, што треба да го поттикне културниот туризам во регионот.

Крива Паланка го презема епитетот од Кочани, кој беше град на културата во 2012.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.