gogo

A+ R A-


Крива Паланка пулсираше за време на „Баскерфест“

altДваесетина уметници и улични артисти, жонглери, магионичари, илузионисти, пантомимичари и танчери викендов настапија на уличниот театар „Баскерфест 2016“ во Крива Паланка. Централниот градски плоштад беше голема сцена на уметности и уметници од разни држави кои ги проследија неколку стотици кривопаланчани.

Фестивалот под отворено небо се одржува по единаесетти пат во државата, а Крива Паланка е дел од десетдневната турнеја на овој мултикултурен перформанс низ повеќе градови на Македонија.

„Баскерфест 2016“ е продолжение на летната културна програма во Крива Паланка која започна со книжевен настан во организација на Националаната установа Центра за култура, а ќе продолжи со „Кривопаланечко културно лето“ кое вклучува бројни изложби, промоции на книги и концерти, меѓу кои „Осоговска староградска вечер“ која ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“.altalt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.