gogo

A+ R A-


Крива Паланка се офајди со 39,5 милиони денари за концесијата на „Тораница“

altНа сметката на локалната самоуправа на општина Крива Паланка се префрлени околу 39,5 милиони денари од концесијата која бугарски „Минстрој“ ја исплати на државата за рудникот „Тораница“.

Градоначалникто на Крива Паланка Арсенчо Алексовски рече дека со овие средства општината се раздолжи по речеси една деценија дефицит.
- Општината доби околу 39,5 милиони денари или 78 проценти од вкупната сума која концесионерот „Минстрој“ ја плаќа на државата за стопанисување со рудникот „Тораница“ . Со тоа, се раздолживме за првпат откако сум градоначалник, изјави Алексовски.
Тој додаде дека од наследениот долг на општината при стапувањето на функцијата градоначалник во 2009 година до денес долгот бил намален на 15 милиони денари.
- По овој прилив општината отсега ќе работи во позитива. Средствата  ќе бидат вложени во подобрување на сите сегменти од општественото живеење на паланчани, ќе инвестираме во нови проекти кои ќе придонесат за подобар и попросперитетен живот на граѓанит, нагласи Алексосвки.
Останатите 22 проценти од концесијата остануваат во Буџетот на Република Македонија.
Инаку,  Минстрој беше избран за нов концесионер на рудниците „Тораница“ и „Злетово“ на 24 март годинава, а договорот за стопанисување со рудниците беше потпишан на 6 април. При потпишувањето на договорот инвеститорот најави дека ќе ги врати на работа сите 1.000 вработени во двата рудника и дека дополнително ќе инвестира во нова и современа опрема со која двата рудника ќе работат успешно и профитабилно.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.